24фудбал

АЕК Ларнака и Тричковски со пресврт го победија Партизан

Партизан беше подобар тим на теренот, но АЕК Ларнака победи со 2-1 и со предност од еден гол ќе патува во Белград на реваншот од третото квалификациско коло во Лига Европа.

Лига Европа

Партизан почна одлично, во 18. минута поведе со гол на Куинси Мениг. Играа и добро па се чинеше дека работата е под контрола.

Но, во 34. минута Ангел Гарсија изедначи на 1-1, Миличевиќ во 70. минута погоди за комплетен пресврт и победа на АЕК Ларнака од 2-1.

Иван Тричковски беше стартер на овој меч, во игра се задржа до 61. минута кога домашниот тренер направи тројна замена.