24фудбал

Црвена звезда водеше со 5-0, а Родиќ успеа за една минута да добие два жолти картони и да биде исклучен (ВИДЕО)

Фудбалерот на Црвена звезда, Милан Родиќ во финишот од натпреварот против Пјуник направи сосема непотребна глупост поради која ќе го пропушти реваншот.

Лига на Шампиони

Во самиот финиш од натпреварот, течеше 89. минута, кога Родиќ успеа за една минута да направи два старта за жолт картон и да биде исклучен. Црвена звезда го доби мечот со 5-0, па ваквиот гест на фудбалерот е комплетно неразбирлив.