24фудбал

Тренерот на Шамрок за Шкупи: Секој кој може да игра рамноправно против Динамо, заслужува максимална почит

Утре со почеток од 21 часот во Даблин, Шамрок го пречекува Шкупи во квалификациски натпревар од Лига Европа.

Лига Европа

Доколку Шкупи го помине Шамрок ќе се пласира во плејофот за пласман во групната фаза од Лига Европа и во најмала рака ќе има учество во групната фаза од Конференциската лига.

Шамрок роверс се надева дека тоа нема да се случи, нивниот тренер, Стивен Бредли вели дека има максимална почит за Шкупи.

„Ќе играме против многу опасен противник. Шкупи покажа што знае против Динамо Загреб, дури можеше и да победи. Секој што може да игра рамноправно против таков клуб, заслужува максимална почит. Ние како и на секој друг меч, ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил на игра. Мислам дека имаме квалитет за победа“, рече Бредли.