24фудбал

Газдата на Наполи се закани дека нема да купува играчи од Африка: Ние сме идиотите кои им даваат плата, а тие играат за други

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис се закани дека повеќе нема да купува играчи од Африка, или ќе купи само доколку тие се откажат од настап на Африканскиот куп на нации.

Италија

Контроверзниот сопственик на Наполи повторно излезе со изјава која крева многу прашина, Аурелио Де Лаурентис се закани дека нема да купува играчи од Африка.

Тој нема ништо против фудбалерите, едноставно му смета тоа што тие на сред сезона заминуваат и се отсутни по месец дена кога се игра Африканскиoт куп на нации.

„Им кажав на луѓето од клубот, немојте да ми зборувате веќе за фудбалери од Африка, нема шанси да купам некој од таму. Видете, немам ништо против играчите, ги сакам, но за да ги купам, ќе треба да потпишат некој документ со кој ќе се откажат од играње на Африканскиот куп на нации“  - вели Де Лаурентинс.

„Ние сме идиотите кои им даваат плата, за потоа да ги пратиме на друг континент и да играат за други“.