24фудбал

Ристовски и Адеми со победа се враќаат од Бугарија, Динамо го победи Лудогорец

Динамо Загреб направи крупен чекор кон плејофот за пласман во Лигата на шампионите откако го победи Лудогорец на негов терен со 2-1, Адеми и Ристовски го одиграа целиот меч.

Лига на Шампиони

Бугарскиот тим доживеа студен туш уште на самиот старт од мечот. Во 6. минута Периќ даде гол за 1-0, а три минути подоцна веќе беше 2-0 за хрватскиот тим откако Падт си даде автогол.

Лудогорец во 22. минута преку Текпетеј успеа да намали на 2-1, но тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.

Македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа стартери на мечот и го одиграа целиот натпревар.

Во останатите натпревари, Викторија Плзен со 2-1 славеше кај Шериф, Монако и ПСВ Ајндховен одиграа нерешено 1-1.

Ројал Унион со 2-0 славеше против Ренџерс, а најубедливата победа ја забележа Бенфика, „орлите“ со хет-трикот на Рамос стигнаа до триумф од 4-1 над Митјиланд.