24фудбал

Тен Хаг: Роналдо не е на нивото на другите наши фудбалери во моментов, му требаат многу тренинзи

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг вели дека на Кристијано Роналдо му се потребни натпревари и тренинзи за да го надополни пропуштеното во подготовките.

Англија

Кристијано Роналдо не ги одработи подготовките со фудбалерите на Манчестер јунајтед, се приклучи во самиот финиш, а дека не е подготвен се виде и на вчерашниот дуел против Рајо Ваљекано.

По натпреварот Тен Хаг беше запрашан колку ќе му биде потребно на Роналдо за да игра во Премиерлигата.

„Не можам да го кажам тоа во моментов, тој дефинтитивно не е на нивото на нашите други фудбалери во составот во моментов бидејќи пропушти многу недели. Потребни му се натпревари и многу тренинг“, одговори Тен Хаг.