24фудбал

Кој пред неколку години ќе кажеше дека Рамос ќе објави ваква фотка (ФОТО)

ПСЖ синоќа со 4-0 го победи Нант и го освои Суперкупот на Франција, два гола постигна Нејмар, по еднаш прецизни беа Меси и Рамос.

Франција

Рамос и Меси долги години беа најголеми ривали, едниот беше капитен на Реал Мадрид, другиот на Барселона.

Додека траеа нивните големи дуели на теренот, веројатни никој не ни помислуваше дека еден ден Рамос ќе објави фотографија со Меси и Нејмар од соблекувалната на ист тим.

Тоа се случи вчера, Рамос објави фотографија со него, Меси, Нејмар и освоениот пехар, напиша: „Стрелците на головите“.