24фудбал

Салихамиџиќ му врати на Левандовски: Татко ми ме учеше, кога заминуваш никогаш да не ја затвораш вратата со задникот

Директорот на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ му одговори на Роберт Левандовски кој се уште ги критикува Баварците за трансфер сагата која му се случуваше пред да потпише за Барселона.

Германија

Левандовски изјави дека раководните луѓе во Баерн Минхен намерно го валкале неговото име со цел да го прикажат во лошо светло пред навивачите. 

Салихамиџиќ не чекаше многу за да му одговори на Левандовски.

„Не можам да го разберам сето тоа. Мојот татко ме учеше дека кога заминуваш, никогаш да не ја затвораш вратата со задникот. Но тој го прави токму тоа“, вели Салихамиџиќ за Билд.