Ерлинг Халанд не постигна гол на својот прв официјален натпревар за Манчестер Сити, а имаше две катастрофални промашувања.
Категорија: Англија 30.07.2022 20:16
Ерлинг Халанд треба да биде огромно засилување за Манчестер Сити, па на почетокот секое негово промашување се бележи.
Во денешниот меч против Ливерпул имаше три промашувања од кои две посебно големи.
Неверојатно беше тоа во 97. минута кога од непосредна близина го префрли голот.
А лошо се снајде и во првото полувреме кога мораше многу подобро да реагира и да израмни на 1-1.