24фудбал

УЕФА покрена постапка против Фенербахче за скандирањето на името на Владимир Путин против Динамо Киев

Фенербахче ќе биде казнает поради однесувањето на своите навивачи кои со името на рускиот претседател Владимир Путин ги провоцираа фудбалерите на Динамо Киев.

Лига на Шампиони

За време на вчерашниот натпревар од квалификациите во Лигата на шампионите меѓу Фенербахче и Динамо Киев, домашните навивачи на трибините скандираа „Владимир Путин“ со цел да ги испровоцираат гостите од Украина.

УЕФА веднаш започна постапка за овој случај и се верува дека Фенербахче сигурно ќе добие казна, нејасно е само колку тешка ќе биде таа.

Од друга страна пак УЕФА се уште нема соопштени дека отворила случај против Динамо Загреб и Шкупи. Навивачите на двете екипи и на двата натпревари скандираа „Убиј го Србинот“.