24фудбал

Алвеш не сака да глуми ѕвезда, одби луксузен автомобил и се качи во автобус заедно со соиграчите (ВИДЕО)

Дани Алвеш во Пумас беше пречекан како голема ѕвезда но Бразилецот покажа скромност и наместо да се вози во луксузен автомобил, се качи во автобусот и заедно со соиграчите се возеше до стадионот.

Останато

Дани Алвеш утрово дебитираше во дресот на Пумас, десниот бек забележа асистенција, по неговото нафрлување од корнер во финишот од мечот падна гол за 1-1 и огромна радост на домаќините.

Но Бразилецот воодушеви со еден потег пред натпреварот. Дани Алвеш во Пумас беше пречекан како голема ѕвезда, па кога го напушти хотелот, луѓето од обезбедувањето го упатија кон автомобил кој беше паркиран специјално за него. Но поранешниот играч на Барселона покажа скромност, одби луксузен превоз, се качи во автобусот и заедно со соиграчите се возеше до стадионот.