24фудбал

Сценариото кое Левандовски сака да го избегне

Роберт Левандовски се надева дека Барселона и Баерн Минхен до крајот на неделата ќе постигнат договор за негов трансфер, напаѓачот не сака да биде дел од експедицијата на „баварците“ која во понеделник ќе замине на турнеја во САД.

Германија

Роберт Левандовски со месеци се најавува како ново засилување на Барселона, но клубот од Камп Ноу никако да договори трансфер.

Полјакот денеска се врати во Минхен и ги изврши редовните лекарски прегледи пред стартот на подготовките. И покрај тоа што во неколку наврати јавно кажа дека не сака да остане, Роберт Левандовски нема да штрајкува и утре ќе се појави на тренинг.

Според Спорт1, напаѓачот сепак сака да избегне едно сценарио. Баерн Минхен во понеделник заминува на турнеја во САД и Роберт Левандовски не сака да биде дел од експедицијата на „баварците“ која ќе летне преку барата, па се надева дека до крајот на неделата ќе падне договор за негов трансфер во Барселона.

Во меѓувреме, медиумите пренесуваат дека Роберт Левандовски сам се вратил во Минхен, без сопругата и детето, Полјакот изминатиов период добил многу смртни закани, па не сакал да ризикува ништо.