24фудбал

Лапорта со порака до Баерн: Барселона ќе слави 125 години, ретко кој може да се пофали со ваква историја

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта одговори на информациите кои се појавија оваа недела и стравувањата на Баерн дека „каталонците“ нема да постојат за година-две.

Шпанија

Оваа недела се појавија информации дека Баерн нема намера да го продаде Роберт Левандовски на рати и бара целата сума да биде платена веднаш, шампионот на Германија наводно стравува дека „каталонците“ нема да постојат за година-две поради огромниот долг од преку 1 милијарда евра.

„Не верувам во коментарите, мислам дека повеќе е кажано на шега. Барселона наскоро ќе слави 125 години постоење, ретко кој може да се пофали со ваква историја“ - вели Жоан Лапорта.

„Го почитуваме Баерн, знаете дека доставивме понуда за услугите на Роберт Левандовски и чекаме одговор од Баерн, се надевам одговорот ќе биде позитивен“.

Претседателот на Барса потоа му се заблагодари на Роберт Левандовски, кој во неколку наврати јавно кажа дека сака да замине од Баерн Минхен.

„Сакам да му се заблагодарам за гестот кој го направи и тоа што изрази желба да дојде во Барселона“.