24фудбал

Прегратката меѓу Донарума и Меси која стана вирална (ВИДЕО)

Џиџо Донарума и Лео Меси се вратија на тренинзите на ПСЖ по одморот, а прегратката меѓу нив стана вирална на социјалните мрежи.

Франција

Италијанскиот голман, Џиџи Донарума очигледно е среќен што повторно е со Лео Меси заедно на тренинг.

Тие претходно се видоа за време на Финалисима дуелот меѓу Аргентина и Италија кој составот од Јужна Америка го доби со 3-0. Меси не му даде гол на Донарума, но беше еден од главните на теренот на тој меч.

На првиот ден од тренинзите со ПСЖ, Донарума го гушна Меси кога го виде, беше објавено видео од тој момент кое брзо стана хит на социјалните мрежи.