24фудбал

Манчестер јунајтед ја одреди цената на Кристијано Роналдо

Новинарот Бруно Андраде пренесе дека Манчестер јунајтед ја одредил цената на Кристијано Роналдо, „ѓаволите“ бараат 15 милиони евра (13 милиони фунти) за да седнат на маса и да преговараат за трансфер.

Англија

Кристијано Роналдо изминатиов викенд достави барање за трансфер, во прв момент се пишуваше дека Манчестер јунајтед нема намера да го продаде напаѓачот.

Сепак, Португалецот во понеделникот не се пријави на тренинг, официјалното образложеие е семејни причини, но многумина сметаат дека ова е само притисок за трансфер. Никој не знае кога ЦР7 ќе се врати на тренинг и се говори дека тој нема да биде дел од експедицијата на „ѓаволите“ која во петок ќе замине на турнеа.

Новинарот Бруно Андраде сега пренесе дека Манчестер јунајтед подлегнал на притисокот и ќе прифати продажба.

„Ѓаволите“ бараат околу 15 милиони евра (13 милиони евра) за да седнат на маса и да преговараат за трансфер.