24фудбал

Рома му донесе засилување на Мурињо кое Португалецот го меркаше уште додека беше во Тотнем

Рома потпиша со уште едно засилување во летниот преоден рок, на Олимпико пристигна турскиот десен бек, Зеки Челик.

Италија

Зеки Челик е фудбалер кој треба да ја зголеми конкуренцијата на десната бековска позиција каде Мурињо го има Рик Карсдроп. Тој доаѓа од Лил, а Рома за него плати 7 милиони евра.

„Клубот со задоволство може да соопшти дека потпиша перманентен договор со Зеки Челик. 25-годишниот фудбалер доаѓа од Лил. Тој потпиша четиригодишен договор со трајност до 30 јуни 2026 година“, стои во соопштението на Рома.

Зеки Челик е играч за кој Мурињо се интересираше уште додека беше во Тотнем.

Турчинот ќе го носи дресот со број 19.