24фудбал

Средба Лапорта-Мендеш, се разговара за шокантен трансфер на Роналдо на Камп Ноу?!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вечерва се сретнал со Жорж Мендеш, според пишувањата на АС, една од темите на разговор е шокантен трансфер на Кристијано Роналдо на Камп Ноу.

Шпанија

Жоан Лапорта вечерва во Барселона се сретнал со Жорж Мендеш, за темата на разговор може само да се нагаѓа.

Франсиско Тринкао, Нико Гонзалез и Бернардо Силва се имињата за кои пишуваат најголемиот дел од медиумите.

Но АС шпекулира со шокантен трансфер и вели дека претседателот на Барса и агентот разговараат за преселба на Кристијано Роналдо на Камп Ноу.

Весникот додава дека Жоан Лапорта уште минатото лето опипувал терен за ангажман на ЦР7, но тешката финансиска состојба на клубот спречила посериозни преговори.