24фудбал

„Тајмс“ тврди: Роналдо побарал од Манчестер јунајтед да замине

Според реномираниот англиски весник „Тајмс“, Кристијано Роналдо сака да си замине од Манчестер јунајтед и го побарал тоа од клубот.

Англија

Медиумот тврди дека Роналдо побарал од клубот да го пушти доколку до нив дојде понуда за неговите услуги.

Роналдо е незадоволен од активностите на Манчестер јунајтед во преодниот рок, смета дека тимот не покажува слична амбиција на конкурентите од Премиерлигата кои веќе на големо се засилуваат.

Според обложувалниците, Рома е фаворит за потписот на Роналдо, втор кандидат е Челси, а се споменуваат и Баерн Минхен и Спортинг Лисабон.