24фудбал

Шкендија се засили со Чехот Вондра

Чешкиот фудбалер Јан Вондра e четвртото засилување за Шкендија во летниот преоден рок.

Македонија

Јан Вондра потпиша двегодишен договор со Шкендија, тој во тетовскиот клуб доаѓа од Бохемијанс 1905.

Вондра игра на позицијата лев бек, тој е поранешен младинец на Спарта Прага а има играно и за Баник Острава и Чешке Будејовице.

„Среќен сум што доаѓам во Шкендија и во Тетово, мислам дека е вистинскиот момент што доаѓам сега, пред стартот на европските предизвици. Мислам дека веќе низ мечевите во Конференциската лига ќе ја оправдам довербата, а потоа во првенството верувам дека ќе атакуваме на трофеите. Тоа што го сфатив деновиве е дека Шкендија има исклучително квалитетен тим со голем потенцијал и убеден сум дека заедно ќе имаме позитивни резултати, како во Европа, така и во првенството“, вели Вондра.

Претходно Шкендија ги промовираше Башким Велии, Давор Талески и Влатко Стојановски.