24фудбал

Алиоски со сензационален трансфер и враќање во Лидс?!

Езгјан Алиоски се поврзува со сензационално враќање во Лидс, но новинарот Грахам Смит вели дека во моментов нема преговори и покрај тоа што навивачите сакаат да го видат Македонецот во белиот дрес.

Англија

Езгјан Алиоски минатото лето го напушти Лидс откако не успеа да пронајде согласност со раководството на клубот за продолжување на соработката. Македонецот се реши за печалба во Саудиска Арабија, но неговата авантура заврши по само 12 месеци, Ал Ахли неочекувана испадна во втора лига и тој доби раскин на договорот.

Неколку клубови пројавуваат интерес за неговите услуги, а во последно време се говори за сензационален трансфер и враќање во Лидс.

Жуниор Фирпо е единствениот лев бек, па голем дел од навивачите сакаат да го видат Езгјан Алиоски во белиот дрес.

Сепак, новинарот Грахам Смит вели дека во моментов нема преговори помеѓу Лидс и Езгјан Алиоски.