24фудбал

Челси се обидува да купи двајца фудбалери од Манчестер Сити

Новото раководство на Челси прави напор да исполни дел од желбите на Томас Тухел, тие преговараат за ангажман на Рахим Стерлинг и Нејтан Аке од Манчестер Сити.

Англија

Информациите велат дека преговорите меѓу Челси и Манчестер Сити за Стерлинг и Аке се одвиваат добро.

Двајцата фудбалери сакаат да заминат и сакаат тоа да биде во Челси. Клубовите се обидуваат да ја договорат висината на обесштетувањето кое треба да одговара и на двете страни.

За Аке тоа би било враќање во Челси, а за Стерлинг настап за уште еден англиски гигант по Ливерпул и Манчестер Сити.