24фудбал

Галијани контактира со Ванда Нара, сака да го донесе Икарди во Монца

Откако успеа да се пласира во Серија А, Монца сега сака да се засили со цел да направи конкурентен тим за следната сезона, а една од желбите е Мауро Икарди.

Италија

Се вели дека договорот е повеќе од комплициран, но извршниот директор на Монца, Адриано Галијани бара начини како да се реализира зделката.

Тој се јавил на сопругата и агент на Икарди, Ванда Нара за да се распраша за ситуацијата на напаѓачот.

Наводно се уште нема никаков одговор од фудбалерот, почнато е да се работи на реализација на идејата, но процесот е во почетна фаза.