24фудбал

Шкупи промовираше 11 засилувања

Македонскиот шампион, Шкупи претстави дури 11 нови фудбалери за следната сезона, буквално цел нов тим.

Македонија

Шкупи се подготвува за настапот во квалификациите од Лигата на шампионите, а раководството реши да направи големи промени во составот за следната сезона.

Во тимот од Чаир пристигнаа Мелос Бајрами, Џелил Абдула, Ангелче Тимовски, Марио Ричков, Благоја Спиркоски, Алекс Златков, Фикрет Ливарека, Христијан Ацковски, Реналдо Цефас, Пепи Ѓорѓиев и Антонио Каланоски.

Шкупи својот прв настап во квалификациите од ЛШ го има веќе на 5. јули на свој терен против Линколн, а реваншот е седум дена подоцна.