24фудбал

Брегалница се засили со белгиски фудбалер

Белгиецот Фајсел Касми е нов фудбалер на Брегалница откако стави потпис на двегодишен договор со клубот од Штип.

Македонија

Касми шест години настапувал во белгиското првенство носејќи го дресот на Лирс, Стандард Лиеж, Жерминал Бершот, Жил и Висе.

„Сметам дека моето интернационално искуство може да ѝ помогне на Брегалница да ги оствари целите и амбициите. Слушнав многу работи за клубот пред да дојдам, а знам дека имаат верни навивачи и ќе ми биде чест да го носам синиот дрес“, изјави тој.

Покрај во белгиските тимови, 26-годишниот фудбалер има настапи и за Черно Море и Дофар.