24фудбал

Салах стави потпис на нов договор и стана најплатен фудбалер во историјата на Ливерпул

Мохамед Салах стави крај на сите дилеми, Египјанецот ја проодлжи верноста кон Ливерпул до јуни 2025 година и стана најплатениот фудбаелр во историјата на „црвените“.

Англија

Мохамед Салах останува на Енфилд, по многу шпекулации за неговата иднина, попладнево пристигна информација дека напаѓачот ставил потпис на нов договор.

„Ливерпул е задоволен што може да соопшти дека Мохамед Салах стави потпис на нов долгогодишен договор“ - гласеше известувањето.

За новиот договор, Мохамед Салах рече: „Се чувствувам одлично, ова е среќен ден за сите. Беше потребно време, но сега се е завршено и можеме да се фокусираме на она што не чека. Сите гледаат дека клубот се движи напред, минатата сезона можевме да освоиме четири трофеи, но за жал во последната недела од сезоната останавме без два трофеи“.

„Мислам дека можеме да се бориме за сите трофеи и во новата сезона. Донесовме добри засилувања и само треба да продолжиме со напорна работа, да имаме добра визија и да бидеме позитивни“.

Сите медиуми од Англија пренесуваат дека Мохамед Салах ќе стане најплатениот фудбалер во историјата на Ливерпул, но има различни извештаи за тоа колкава ќе биде неговата плата се шпекулира со бројки помеѓу 350.000 и 400.000 фунти неделно.