24фудбал

Газдите на Манчестер Сити го купија Палермо за скромни 13 милиони евра

Медиумите од Италија пренесуваат дека денеска во Милано биле потпишани документите со кои „Сити Фудбал Груп“ станува нов сопственик на Палермо во зделка вредна околу 13 милиони евра.

Италија

Палермо е 11-тиот клуб под капата на Шеикот Мансур и „Сити Фудбал Груп“, попладнево во Милано биле потпишани документите за продажба на клубот од „сицилија“.

„Сити Фудбал Груп“ ќе плати околу 13 милиони евра за да купи 80% од Палермо, додека пак сегашниот претседател Дарио Мири ќе задржи 20% и ќе остане на чело на клубот.

Палермо во 2019 влезе во големи финансиски проблеми, клубот банкротираше и беше преселен во четврта лига, но оваа сезона успеа да се избори за промоција во Серија Б, и следната сезона ќе настапува во втора лига. На натпреварите од плејо-офот имаше и над 30.000 публика.