24фудбал

Официјално: Никола Серафимов потпиша за МОЛ Фехервар

Македонскиот дефанзивец, Никола Серафимов направи трансфер од Залаегерсег во МОЛ Фехервар за кој потпиша до 2025 година.

Македонија

По одличната сезона во дресот на Залаегерсег, Никола Серафимов си обезбеди трансфер во МОЛ Фехервар со кој потпиша тригодишен договор.

Серафимов ќе го носи дресот со број 31.

„Откако играм во Унгарија, забележав дека Фехервар е еден од најголемите и најдобри клубови, знам дека има одлична атмосфера на домашните натпревари и не размислував многу кога дојде понудата. Сакам да се докажам тука и да му помогнам на тимот да ги оствари целите, овој клуб секогаш има високи амбиции“, изјави Серафимов.