24фудбал

Баерн не одговарал на повиците, Барса понудата за Левандовски ја доставила преку специјална пошта

Раковoдството на Баерн Минхен не одговарало на телефонските повици од Барселона па „каталонците“ понудата за Роберт Левандовски ја доставиле со помош на специјална услуга од Пошти на Шпанија.

Шпанија

Синоќа беше објавено дека Баерн Минхен го одбил и третиот предлог на Барселона за трансфер на Роберт Левандовски, шампионот на Германија кажал НЕ на ппонуда вредна 40 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Како што пишува „Зидојче Цајтунг“, односите помеѓу двата клуба се затегнати, па од таборот на Барселона се жалеле дека никој во Баерн не сака да крене телефон и да разговара со спортскиот директор Матеу Алемани.

„Каталонците“ дури биле приморани последната понуда да ја испратат преку пошта, односно да ја користат специјалална услуга „бирофакс“ од Пошти на Шпанија.