24фудбал

Ќе остане во Баерн и ќе заработува милиони за да му помогне на Мане побрзо да се адаптира во Минхен

Медиумите од Германија пренесуваат дека трансферот на Садио Мане ќе придонесе Буна Сар да продолжи во Минхен, десниот бек ќе треба да помогне неговиот сонародник што побрзо да се адаптира на новата средина.

Германија

„Баварците“ ова лето донесоа нов десен бек, на „Алианц“ пристигна Нусаир Мазрауи од Ајакс, па почнаа да се кројат планови за продажба на Буна Сар.

Но како што пишува Билд, плановите се промениле по трансферот на Садио Мане и големи се шансите Буна Сар да остане и покрај тоа што тешко дека ќе добие шанса.

Буна Сар и Садио Мане се колеги од репрезентацијата на Сенегал, заедно триумфираа на Купот на Африкански нации и се во прилично добри односи, па раководството на Баерн Минхен сака Буна Сар да му помогне на Садио Мане што побрзо да се адаптира на новата сезона.

Па 30 годишниот дефанзивец ќе продолжи да заработува милиони само за да ја олесни транзицијата на Садио Мане од Англија во Германија.