24фудбал

Официјално: Ришарлисон е нов фудбалер на Тотнем

Тотнем го потврди трансферот на Ришарлисон кој стави потпис на договор со лондонскиот клуб до јуни 2027 година.

Англија

За сума од 50 милиони фунти плус бонуси, Тотнем го купи Ришарлисон од Евертон. 

Откако ги помина медицинските прегледи во Бразил, Ришарлисон денеска стави и потпис на договор со Тотнем.

„Со задоволство можеме да информираме дека потпишавме со Ршарлисон од Евертон. Бразилецот стави потпис на договор до 2027 година“, стои во соопштението на лондонскиот клуб.