24фудбал

Продажбата на Скамака не оди лесно

На почетокот од преодниот ред се чинеше дека интересот за италијанскиот напаѓач Скамака е голем, но Сасуоло не може лесно да го продаде.

Италија

Извршниот директор на Сасуоло, Каневали потврди дека веќе 10 дена на пауза се ставени преговорите со ПСЖ за Скамака и не се знае дали ќе продолжат, немаат преговори со клубови од Серија А.

„Не сме имале контакт со ПСЖ во последните десет дена за Скамака. Исто така нема разговори со клубови од Серија А“, вели Карневали.

„Може да имаме контакти со други клубови надвор од Италија, има интерес“.

Сасуоло бара 40 милиони евра за напаѓачот.

ПСЖ откако го комплетираше трансферот на Витиња, сега ќе се фокусира на Шкрињар и Ренато Санчез, а Скамака не им е дел од приоритетите.