24фудбал

Малдини: Потпишавме во последната минута, а сега да се посветиме на иднината на Милан

Паоло Малдини и Фредерик Масара продолжуваат на директорските функции на Милан и во иднина откако денеска ставија потписи на нови договори.

Италија

На Малдини и Масара договорите им истекуваа денес, па нејасна беше нивната иднина, сепак во последен момент стигнаа позитивни вести за навивачите на Милан, двајцата ставиле потписи за продолжување на соработката.

„Се е договорено. Потпишавме во последната минута, но го направивме тоа“, рече Малдини.

Неизвесната иднина на Малдини и Масара допринесе за бавен старт на Милан во преодниот рок, но ветуваат дека загубеното време ќе го надополнат.

„Среќени сме што ќе бидеме тука и подготвени сме да ја планираме иднината со уште повеќе победи. Има време, почнавме малку доцна, но ќе го надополниме изгубеното време. Многу сум среќен“.