24фудбал

Малдини останува во Милан, стави потпис на нов договор

Паоло Малдини и Фредерик Масара остануваат да работат во Милан, двајцата се договорија со клубот за продолжување на соработката.

Италија

Договорите на Малдини и Масара истекуваат денеска, преговорите меѓу двете страни иако траеа долго, завршија успешно.

Малдини ја прифатил понудата од Милан и ставил потпис на договорот. Истото го направил и Масара.

Сега двајцата ќе се фокусираат на остатокот од преодниот рок во обид да го засилат Милан за следната сезона.

Малдини од Милан бараше да има поголема моќ во одлучувањето, а дали тоа го добил, засега нема информации.