24фудбал

Рома го договори третото засилување во овој преоден рок

Раководството на римската волчица се обидува да му ги исполни желбите на Мурињо во летниот преоден рок, договорен е и ангажманот на Мехмет Зеки Челик кој доаѓа од Лил.

Италија

Зеки Челик е третото засилување на Рома, тој доаѓа по голманот Свилар и Матиќ.

Рома за трансферот на Лил ќе му плати 7 милиони евра плус процент од продажба на фудбалерот во иднина.

Челик игра на позицијата десен бек и треба да ја зголеми конкуренцијата на таа страна каде во минатата сезона главен беше Карсдроп.

Следна цел на Рома е Давиде Фратези од Сасуоло.