24фудбал

Барселона го побарала Мегваер како дел од трансферот на Де Јонг, Манчестер јунајтед одбил!

Звучи неверојатно, но дел од англиските медиуми пишуваат дека Барселона го сака капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер како дел од трансферот на Френки де Јонг.

Англија

Барселона и Манчестер јунајтед подолго време преговараат за трансфер на Френки де Јонг, разговорите меѓу клубовите се позитивни, но нејасно е дали фудбалерот ќе прифати.

Се појави вест дека во текот на преговорите Барселона го побарала Хери Мегваер како дел од трансферот на Де Јонг, Манчестер јунајтед одбил.

Мегваер е честа мета на критичарите, неговите игри не ги оправдуваат парите кои Манчестер јунајтед ги вложи во него. Тој е капитен на тимот, но не влева сигурност на теренот, напротив, често прави киксови поради кои се губат и бодови.