24фудбал

На најтрофејниот играч на Реал Мадрид не му е под чест да чисти фудбалски терен (ФОТО)

Марсело го заврши своето поглавје во Реал Мадрид, но се уште е во главниот град во Шпанија додека го чека следниот ангажман.

Шпанија

Со 25 освоени пехари, Марсело е најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид.

Неговиот син настапува во младинските школи на Реал Мадрид, па Марсело се уште е во шпанската метропола.

Викендов се одржа турнир на кој учествуваше синот на Марсело, но пред почетокот од натпреварите имаше големо невреме па теренот беше прекриен со вода.

Марсело ги „засука ракавите“ се фати за работа, почна и тој да чисти со останатите со цел теренот што побрзо да биде оспособен за игра.