24фудбал

Елмас го следеше првиот тренинг на Работнички (ФОТО)

Работнички денеска ги почна подготовките под водство на новиот тренер, Љупчо Марковски, а од зад мрежата на игралиштето, тренингот го следеше и Елиф Елмас.

Македонија

Работнички ги стартуваше подготовките за новата сезона во Првата лига. Амбициите се да се остави подобар впечатокот отолку во сезоната која измина, а тоа треба да биде направено под водство на новиот тренер, Љупчо Марковски Калц.

Спортскиот директор Горан Станковски го поздрави новиот тренер Љупчо Марковски и им посака многу здравје на фудбалерите.


Тренингот го следеше и Елиф Елмас кој токму од Работнички излезе во фудбалска Европа.


Фото: ФК Работнички