24фудбал

Левандовски има цена, но дали Барселона ќе може да ја плати?

Баерн Минхен игра тврдо во случајот со Роберт Левандовски, не сака да го продаде, очекува напаѓачот да ги почне подготовките, но Баварците сепак одредиле цена за негово заминување.

Германија

Според германскиот „Скај Спорт“, Баерн Минхен бара за Левандовски 60 милиони евра.

Тоа е голема сума за играч на кој му истекува договорот за една година и кој во август ќе наполни 34 години.

И покрај доприносот кој го имаше во изминатите години, Баерн Минхен се чини дека нема да му излезе во пресрет на Левандовски и да го пушти за разумна сума.