24фудбал

Манчестер Сити договори ново скапо засилување

Манчестер Сити ја доби трката за Калвин Филипс од Лидс, за овој трансфер ќе плати околу 50 милиони фунти.

Англија

Манчестер Сити се договори со Лидс за висината на обесштетувањето за англискиот репрезентативец, Калвин Филипс. 

Сити сега треба да ги договори личните услови со Филипс, но не се очекуваат потешкотии околу тоа.

Според „Скај Спортс“, 26-годишниот фудбалер имал понуди и од други клубови од Англија, но решил дека ако остане во Премиерлигата, би се преселил само во Манчестер Сити поради лојалноста кон Лидс.

Манчестер Сити не е некој ривал на Лидс од минатото, додека останатите англиски екипи се, бидејќи имаат побогата историја.