24фудбал

Фудбалерките го победија Косово на првиот тест

Женската македонска фудбалска репрезентација со 3-1 го победи Косово на првиот контролен натпревар кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Македонија

Косово поведе, но македонските фудбалерки со комплетен пресврт дојдоа до триумф.

Два гола за Македонија беа дело на Ленче Андреевска, еден погодок постигна Хафа Мустафа.

На 27. јуни Македонија и Косово ќе одиграа уште еден натпревар, овојпат дуелот ќе се игра на стадионот „Вадиљ Вокри“ во Приштина.