24фудбал

Милан остана без Ботман, дефанзивецот подлегнал на притисокот и ја прифатил понудата на Њукасл!?

Неколку извори пренесуваат дека Свен Ботман подлегнал на притисокот и прифатил трансфер во Њукасл, Милан ќе треба да се насочи кон други цели.

Италија

Милан се договори со Свен Ботман уште во јануари/февруари, но „росонерите“ не можеа да пронајдат заеднички јазик со Лил.

Проблем направи Њукасл, клубот од Сент Џејмс Парк понуди 40+5 милиони евра, или десетина милиони евра повеќе од Милан.

Свен Ботман одбиваше трансфер во Премиерлигата и го чекаше Милан, но последните информации велат дека Холанѓанецот подлегнал на притисокот и ја прифатил понудата на Њукасл.

Се говори дека во брзо време ќе стигне официјална потврда за трансферот.