Категорија: Англија 24.06.2022 18:23
Челси започнува нова ера ова лето без Роман Абрамович на чело на клубот, и новите сопственици ветуваат финансии и тим со кој ќе им се парира на Манчестер Сити и Ливерпул.
Медиумите од Англија пренесуваат дека на Томас Тухел му било ветено дека ќе добие шест квалитетни засилувања. Трансферот буџетот ќе биде 200 милиони фунти, сумата може дополнително да се зголеми преку продажба на играчи.
Се шпекулира со имињата на Де Лихт, Кунде, Стерлинг, Габриел Жесус, Ришарлисон и Дембеле.