24фудбал

Де Лихт побарал да го напушти Јувентус, Челси со прва понуда, нуди пари и играчи

Матајс де Лихт побарал ова лето да го напушти Јувентус, Челси веќе доставил понуда, на маса ставил пари и еден од Тимо Вернер и Кристијан Пулишиќ.

Италија

Медиумите од Италија пренесуваат дека пропаднале преговорите помеѓу Матајс де Лихт и Јувентус за нов договор. Имало несогласување околу висината на откупната клаузула и платата на дефанзивецот, па Холанѓанецот побарал да замине.

Челси, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити и Барселона пројавуваат интерес за услугите на Матајс де Лихт.

Според пишувањата на Тутоспорт, „сините“ веќе доставиле понуда, на маса ставиле пари како и тоа Јувентус да одбере еден од Тимо Вернер и Кристијан Пулишиќ.

„Старата дама“ бара најмалку 100 милиони евра за да се раздели со дефанзивецот. Во неговиот договор има откупна клаузула од 120 милиони евра, која следното лето ќе се искачи на 140 милиони евра.