24фудбал

ПСЖ се пофали дека Меси е машина за пари, арно ама ќе ја завршат годината со загуба од 200-300 милиони

„Светците“ се пофалија дека оствариле рекордни 700 милиони евра приходи благодарејќи на Лео Меси, арно ама годината ќе ја завршат со голем минус, Л'Екип пишува за загуба помеѓу 200 и 300 милиони евра.

Франција

Лео Меси беше трансфер бомбата минатото лето, Аргентинецот ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ. „Светците“ сега се фалат дека зделката била полн погодок, Аргентинецот е машина за пари и помогнал клубот да оствари рекордни 700 милиони евра приходи.

Потписот на Лео Меси донел 10 нови спонзори, кои платиле и повеќе пари.

„Наместо суми помеѓу 3 и 5 милиони евра, добивме суми помеѓу 5 и 8 милиони евра“ - вели директорот Марк Армстрон.

Аргентинецот придонел и за зголемена продажба на дресови, за прв пат ПСЖ продал повеќе од 1 милион дресови, 60% биле со презимето на Меси. Само во првите три часа биле продадени дресови во износ од речиси 1 милион евра. Забележано е зголемување и на продажбата на целиот асортиман во продавниците на ПСЖ.

Поради Лео Меси се бележат и поголеми приходи од продажба на билети, веќе нема слободни места на „Паркот на Принцовите“.

ПСЖ доживеа и бум на социјалните мрежи и доби над 15 милиони нови следбеници по трансферот на Лео Меси.

Аргентинецот, кој дел од платата ќе ја добива во токени, придонесе да се зголеми и цената на криптовалутата на ПСЖ.

И додека „светците“ се фалат, Л'Екип пишува дека ПСЖ годината/сезоната ќе ја заврши со огромен минус, односно загуба помеѓу 200-300 милиони евра.