24фудбал

Баерн Минхен сепак нема да биде новиот тим на Роналдо

Синоќа се појавија гласини дека Кристијано Роналдо би можел да потпише за Баерн Минхен ова лето, но денешните вести се дека тоа нема да се случи.

Германија

„АС“ тврдеше дека Баерн Минхен го сака Кристијано Роналдо и ако успее да дојде до него ќе го пушти Левандовски во Барселона.

Но утринава, новинарот на „Скај Спорт Германија“, Флоријан Плетенберг тврди дека нема да има ништо од тоа.

Тој вели дека Роналдо нема да оди во Баерн Минхен, а повеќе детали за тоа ќе каже вечерва во нивното шоу на „Скај Спорт Германија“.