24фудбал

Ериксен ќе избира помеѓу два клуба

Скај Спортс пренесува дека Кристијан Ериксен ќе избира помеѓу продолжување на соработката со Брентфорд или преселба во Манчестер јунајтед.

Англија

Кристијан Ериксен на почетокот од годинава имаше успешен кам-бек на терените откако минатото лето добро ги исплаши сите кога колабираше на натпреварот помеѓу Данска и Финска.

Брентфорд му понуди нов договор на Данецот, за кого интерес пројавија и Тотнем и Манчестер јунајтед.

Како што пренесува Скај Спортс, „спарси“ се повлекле од трката, па Кристијан Ериксен сега ќе одлучува помеѓу Брентфорд и Манчестер јунајтед.

Предлогот на „ѓаволите“ е подобар од финансиски аспект, но парите не се приоритет на фудбалерот. Кристијан Ериксен и неговото семејството се чувствуваат добро во Лондон и имаат одредени резервации за преселба на северот од Англија.

Данецот исто така сака да биде стартер на секој натпревар со цел да обезбеди место во составот на Данска за мундијалот во Катар.