24фудбал

Игуаин: Јувентус ангажираше фотограф да ме слика колку сум дебел

Гонзало Игуаин вели дека го вовлекувал стомакот на некои слики од фотографот на Јувентус со кој клубот требало да ја споредува неговата дебелина, тој му се смее на Арсенал бидејќи за нив бил прескап, а го купиле Озил за повисока цена.

Италија

Во интервју за аргентински медиум, Игуаин кажа работи од кариерата за кои не зборувал претходно.

„Јувентус беа строги за мојата тежина. Тие имаа фотограф кој требаше да ме слика секоја година, но јас се смеев на тоа бидејќи знаев како ќе биде во текот на сезоната, дека ќе дадам повеќе од 30 голови. Но понекогаш го вовлекував стомакот на тие фотографии“, вели Игуаин.

Игуаин постави рекорд во Наполи откако даде 36 голови во една сезона во Серија А, но потоа направи трансфер во лутиот ривал, Јувентус.

„Заминав бидејќи што друго можев да направам за да освојам нешто откако постигнав 36 гола? Па кога дојде Јувентус, не размислував многу“.

„Фановите на Наполи беа многу лути, ме навредуваа, ме мразеа, но постигнав шест гола против нив на осум натпревари“.

Во 2013 година бил блиску до трансфер во Премиерлигата.

„Се сеќавам дека бев блиску до Арсенал годината кога потпишав за Наполи, но тие рекоа дека сум прескап и неколку дена подоцна платија 80 милиони за Озил!“, со смеење го кажа ова Игуаин.

Вистината сепак е дека Арсенал плати 50 милиони евра за Озил, но и тоа беше значително повеќе од 40 милиони евра колку што чинеше Игуаин.