24фудбал

Севиља со помош на Барселона може да го изигра Бордо

Формулата за трансферот на Жил Кунде од Севиља во Барселона може да го оштети тимот на Бордо кој чека средства од овој трансфер.

Шпанија

Барселона за да го плати Кунде на двапати, нуди 23 милиони евра за едногодишна позајмица со обврска да го купи за 40 милиони евра по крајот на сезоната.

Според договорот кој го има со Севиља, Бордо треба да добие 20 проценти од продажбата на Кунде.

Предлогот на Барселона одговара на Севиља, бидејќи тие на Бордо ќе му дадат 20 проценти од 40 милиони евра, а не од вкупната сума од 63 милиони евра која практично ќе ја добијат.