Категорија: Германија 24.06.2022 00:02
Пред неколку дена се појавија информации дека Кристијано Роналдо полека размислува за заминување од Манчестер јунајтед бидејќи „ѓаволите“ се прилично пасивни на трансфер пазарот а ривалите осетно се засилуваат.
Денеска се појавија гласини за негов трансфер во Баерн Минхен, како замена за Роберт Левандовски.
Една ваква зделка ќе биде прилино изненадувачка ако во предвид се земе ставот на „баварците“ од пред две години.
„Многу имиња се поврзуваат со нас... Кристијано Роналдо е малку престар за Баерн“ – рече тогаш претседателот Херберт Хаинер на средба со навивачите.
Кога Кристијано Роналдо во 2018 го напушти Реал Мадрид и се пресели во Јувентус во трансфер вреден преку 110 милиони евра, тогашниот претседател Уни Хенес рече: „Нема шанси да направиме ваков трансфер, Роналдо има 33 години и ќе не чини 100 милиони евра“.
„Друга ќе беше приказната да имаше 24 или 25 години, тогаш ќе го купевме со затворени очи“.