24фудбал

Јуве го загуби трпението и се откажа од Ди Марија, „старата дама“ ќе се фокусира на Берарди и Заниоло

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус се откажал од намерата да го ангажира Анхел Ди Марија откако Аргентинецот не им дал одговор во поставениот рок, „старата дама“ сега ќе се фокусира на Доменико Берарди и Николо Заниоло.

Италија

Јувентус со месеци се обидува да го ангажира Анхел Ди Марија, фудбалерот побара дополнително време за одговор, но „старата дама“ го загуби трпението.

Газета дело Спорт вечерва објави дека „бјанконерите“ решиле да се откажат од Аргентинецот и да се фокусираат на други играчи, како Доменико Берарди од Сасуоло и Николо Заниоло од Рома.

Што се однесува до Анхел ди Марија, се верува дека тој на маса има понуда од Барселона, а во последно време се говори и дека Карлос Тевез го повикал да му се придружи во Росарио Сентрал.